Министерот Коњановски во работна посета на Брисел

Скопје, 10 јуни 2010 (МИА) - Министерот за одбрана Зоран Коњановски денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде ќе присуствува на состанок на министрите за одбрана на НАТО со министрите за одбрана на не-НАТО придонесувачи во КФОР.

Предвидено е утре Коњановски да присуствува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО со министрите за одбрана на не-НАТО придонесувачите во мисијата ИСАФ, во Авганистан.

Од Министерството за одбрана соопштуваат дека на состанокот за КФОР ресорните министри ќе направат осврт на севкупната безбедносна состојба на Косово и ќе го поздрават успешното предавање на одговорноста за управување со безбедноста на локациите од културното наследство на Косово, од КФОР на косовската полиција.

На состанокот за ИСАФ, е предвидено министрите за одбрана да ја потврдат својата посветеност кон Авганистан кој и понатаму останува клучен приоритет на Алијансата, трајно заложувајќи се за создавање на услови земјата да може да ја преземе одговорноста за сопствената безбедност, со цел Авганистан никогаш повеќе да не биде безбедно засолниште за тероризмот.

За време на посетата, министерот Коњановски синоќа присуствуваше на свечена вечера, приредена во негова чест од страна на амбасадорот на Кралството Холандија при НАТО, Марк Мајоор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...