„Кавкаски круг со креда“ најдобра претстава на „Војдан Чернодрински“

Прилеп, 10 јуни 2010 (МИА) - Претставата „Кавкаски круг со креда“ од Бертолд Брехт во режија на Мартин Кочовски, во изведба на прилепскиот театар, е најдобрата претстава на годинашниов 45. Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, објави денеска фестивалското жири на прес-конференција.

Кочовски ја понесе и наградата за најдобра режија. Прилепската претстава се закити и со наградите за  кореографија и сценски движења, за сценографија на Филип Јовановски и Јулија Војкова-Нојман и за музиката на групата „Фолтин“ во претставата.

Најдобра машка улога на фестивалот оствари  Огнен Дранговски за улогата на Аљоша во претставата “Браќа Карамазови” на битолскиот театар. Актерката Биљана Драгичевиќ-Пројковска ја доби наградата за најдобра главна женска улога за улогата на Кејт во претставата „Жената како воено поле“ на Драмски театар - Скопје.

Наградата за текст жирито му ја додели на Горан Стефановски за текстот “Баханалии” во истоимената претстава во изведба на велешкиот театар, а Осман Али за улогата на Жан во претставата „Госпоѓица Јулија“ на турскиот театар ја доби наградата за млад актер „Трајко Чоревски“.

За најдобра женска епизодна улога е наградена Несрин Таир за улогата на Кристина во „Госпоѓица Јулија“, а за машка епизодна улога  Адриан Азири за гробарот во претставата „Генерал на мртвата војска“ на албанскиот театар.

Драматизацијата на Андреј Хинг направена на романот “Браќа Карамазови“ од Достоевски, во изведба на битолскиот театар, според фестивалското жири, е најдобрата сценска драматизација.

Добитник на наградата за костимографија  е Благој Мицевски за костимите во претставата „Генерал на мртвата војска“ на албанскиот театар, а за рекламен материјал Владо Ѓоревски- Рафик за материјалот од претставата „Браќа Карамазови“ на битолскиот театар.

Наградите ќе бидат доделени вечер пред изведбата на претставата  во чест на наградените “Крпен живот” работена според делата на Стале Попов, во режија на Владо Цветановски, а во изведба на прилепскиот театар. Претставата ќе се игра на отворено од 20 часот на сцената на плоштадот „Александрија“. Со тоа ќе биде спуштена завесата на 45. МТФ „Војдан Чернодрински“, на кој беа прикажани 11 претстави во конкуренцијата за награди и шест во придружниот дел. Се одржаа и три трибини за состојбите во театарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...