ЕУ без Балканот и без Македонија е како незавршена приказна

Охрид, 10 јуни 2010 (МИА) - На најстариот континент насушно му е потребен духот на визионерите и татковците на Нова Европа. Неопходно се потребни Роберт Шуман, Жан Моне, Конрад Аденауер и сите други градители на визијата за обединета Европа, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на отворањето на Конференцијата „20 години по обединувањето на Германија: лекции за обединета Европа“ што во организација на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје се одржува во Охрид.

Иванов изрази задоволство што има можност во поздравното обраќање на конференцијата да зборува на темата, за која оцени дека е достојна на големото име Аденауер, тема за која рече дека е визионерска затоа што преку навраќање на обединувањето на Германија се овозможува поглед во иднината.

- Искуствата од минатото укажуваат дека нашиот регион опстојувал во мир тогаш кога бил на отворен простор. Денес, повеќе од било кога, на нашиот регион му е потребно она што се нарекува Пакс Еуропеана, европски мир, кој подразбира Европа како отворен простор во кој има слобода на движење на луѓе, идеи, капитал и производи. Отворен простор во кој секоја економија може да расте и да се шири и каде што има толеранција и славење на различностите, каде секој со себе ќе ги носи своите права и својот идентитет, истакна меѓу другото претседателот Иванов.

Според него, Македонија може да придонесе за остварување на визијата за Пакс Еуропеана преку градење и промовирање на македонскиот модел на инклузивна демократија. Тој посочи дека Македонија како мултиетничка и мултиконфесионална средина која, како што потсети, со текот на времето создала специфичен модел на соживот.

- Инклузивниот модел како начин на заедничко носење на одлуки во Република Македонија е реалност. Во Македонија етничките и националните заедници ги уживаат сите права и слободи познати на денешницата. Тоа е еден од темелите на нашата безбедност, стабилност и економски просперитет, бидејќи создава поволни услови за градење на внатрешен мир, но и доверба со соседите, рече Иванов, нагласувајќи ја подготвеноста на Македонија да ги сподели своите искуства и придобивки со сите, со соседите, но и со Европската унија кон чие членство се стреми.

Неговиот став е дека Европската унија без Балканот и без Македонија е како незавршена приказна.

- ЕУ треба да остане достојна на големата визија за обединет и отворен континент. Затоа, ги охрабруваме нашите европски партнери, во нивниот пристап кон Балканот и кон Македонија, да останат доследни и принципиелни кон оваа идеја. Затоа, не треба да се попречува членството на Македонија во ЕУ, истакна Иванов нагласувајќи дека ЕУ може многу да научи од германското обединување кое претставува благороден чин на подадена рака.

Претседателот укажа дека токму ветото како антиисториски и ентиевропски чин не треба да се злоупотребува за, како што рече ситни и себични цели.

- Секоја нова злоупотреба на ветото, како принцип на функционирање меѓу европските, вклучително и балканските држави е антиисториски и антиевропски чин. Доколку блокадите бидат прифатени како нова практика, ќе предизвикаат опасна верижна реакција на вета кои повторно може да не вовлечат во вртлогот на политичките анахронизми на 19-от век, предупреди Иванов обраќајќи се пред учесниците на Конференцијата.

Неговата порака од говорницата беше дека напротив, треба да се следат многубројните позитивни примери, посочувајќи го најсвежиот што го дадоа Словенија и Хрватска во решавањето на меѓусебниот спор во врска со поморската гранична линија во Јадранското Море.

- Во ЕУ ќе влеземе како македонски граѓани, со нашата традиција, нашите вредности и нашето достоинство, заклучи Иванов истакнувајќи дека за секој да се избори за она што му припаѓа е потребна храброст и истрајност.

Претседателот Иванов кој се наоѓа во работна посета на Охрид, вечерва во претседателската вила „Билјана“ ќе го прими претседателот на Европскиот суд за човекови права Жан Пол Коста, а утре на Плаошник на свечена церемонија ќе им ги предаде „Инженерските прстени“ на десетте првенци - дипломци на високите инженерски образовни институции во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...