СДСМ на 27 јуни ќе одржи протестен митинг пред Владата

Скопје, 16 јуни 2010 (МИА) - СДСМ на 27 јуни ќе организира протестен митинг пред Владата под мотото „Ние сме за победничка Македонија“. Доколку до ноември не се одблокираат евроатланските интеграции, СДСМ ќе бара предвремени општи избори, изјави денеска на прес-конференција лидерот на партијата Бранко Црвенковски. 

Toj смета дека во земјата ќе се создаде политичка ситуација или криза која нема да може никако поинаку да се надмине освен со предвремени избори, ако до ноември не се реши спорот за името и Македонија не влезе во НАТО.

- Овој протест има за цел да ги охрабри луѓето да проговорат и да го подигнат својот глас за се променат работите во оваа земја. Со митингот ја почнуваме нашата битка за предвремени избори во Македонија. Свесни сме дека периодот до ноември до Самитот на НАТО, е исклучително важен за иднината на земјата и крајно одговорно ќе се однесуваме кон тој приоритет. Нема да покренуваме иницијатива за предвремени избори, и нема да поддржиме туѓа иницијатива за предвремени избори пред самитот. Првиот ден по завршување на самитот ќе бараме да биде распуштен Парламентот и да се оди на избори. Проблемите во државата не можат да се решат без нов однос на политичките сили, а за тоа се неопходни избори, изјави Црвенковски. 

Тој ја оцени оцени вчерашната прослава на владејачката ВМРО-ДПМНЕ како „мегаломанска“. Според него, во својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски наместо да посочи решение за тешките проблеми со кои се соочува земјата, кажал објаснувања зошто проблемите не можат да се решат.

- Наместо политика која ќе не води кон успеси, добивме понуда за самосожалување, наместо визија за Македонија - победник ни се наметнува улогата на народ и земја - жртви. И притоа сите други се виновни само не и власта во Македонија, изјави Црвенковски. Го обвини Груевски дека „го поделил македонскиот народ на патриоти и предавници, на антички и словенски, на верници и неверници, на транзиционери и преродбеници“. Му забележа и дека во синоќешниот говор неговото име го споменал 12, а на СДСМ 29 пати.

Прашан дали почна изборната кампања во Република Македонија, Црвенковски рече дека кампањата е веќе почната и оти тоа го наметнала владејачката партија, а дека тие само ја прифаќаат нивната игра. - Изборната кампања е во континуитет. Се наметна еден нов стил, нов начин на работа, пред се, од страна на власта дека изборната кампања почнува првиот ден по изборите. Тоа го наметнаа и ние го прифаќаме, изјави Црвенковски.

Според него, последната анкета на ИРИ е погубна за власта и покажува огромна промена во расположението во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...