Заврши средбата Груевски - Папандреу во Брисел

Брисел, 17 јуни 2010 (МИА) - Македонија и Грција остануваат посветени и го поддржуваат процесот што го води медијаторот Метју Нимиц во рамките на ОН. Постои волја и подготвеност за изнаоѓање заемно прифатливо решение за билатералниот спор за името, кое нема да нанесе штета на ниту една од двете страни.

Ова го истакнале премиерите на двете земји Никола Груевски и Јоргос Папандреу на денешната получасовна средба во Советот на ЕУ.

На средбата што беше договорена на заедничка иницијатива во духот на веќе воспоставената пракса на билатерални контакти на премиерско ниво, како што информира кабинетот на Груевски,  биле разменети мислења и информации за повеќе прашања од заеднички и регионален интерес.

Двајцата премиери, меѓу другото, разговарале и за предизвиците поврзани со светската економска криза, европските и евроатлантските интеграции на земјите од регионот.

Ова е петта тет-а-тет средба Груевски-Папандреу. Претходните четири беа оценети како корисни за зголемувањето на довербата и разбирањето меѓу двете страни, но не донесоа напредок во решавањето на билатералниот спор за името.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...