Чешкиот претседател Клаус во дводневна официјална посета на Македонија

Скопје, 21 јуни 2010 (МИА) - Претседателот на Чешката Република Вацлав Клаус денеска и утре престојува во официјална посета на Република Македонија.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов со највисоки државни почести ќе го пречека неговиот чешки колега, по што ќе следуваат разговори помеѓу двајцата шефови на држави и делегациите на двете земји. Планирано е делегациите на ресорните министерства од двете земји да потпишат договор за соработка во областа на образованието.


Предвидено е исто така чешкиот претседател Клаус денеска да се сретне и да има работен ручек со премиерот Никола Груевски.

Во Собранието на Република Македонија чешкиот претседател ќе оствари средба со пратениците-членови на комисиите за надворешна политика, европски прашања, економски прашања, образование и Националниот совет за евроинтеграции. 

Двајцата претседатели Ѓорге Иванов и Вацлав Клаус утре ќе имаат обраќања на македонско-чешкиот бизнис форум што ќе се одржи во Скопје. 

Клаус исто така ќе има средба со лидерот на СДСМ и поранешен претседател Бранко Црвенковски, со првите луѓе на верските заедници во земјата, како и со градоначалниците на Скопје, Тетово и Сарај.

Чешкиот претседател ќе ја посети и хидроцентралата Матка која ја раководи чешката компанија „Хидропол“ и  Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...