Продолжуваме да бараме решение кое нема да им штети и на двете страни

Истанбул, 23 јуни 2010 (МИА) – Македонија и Грција со посредство на медијаторот Метју Нимиц ќе продолжат со напорите да бараат понатамошни идеи за решение на името кое не би причинило штета ниту за Македонија, ниту за Грција, како и за македонските граѓани, бидејќи тие ќе одлучат на референдум, изјави премиерот Никола Груески по завршувањето на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа во Истанбул.

По денешната средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, Груевски смета дека Грција конечно сфатила оти од македонска страна постои желба за решавање на проблемот. Папандреу, како што посочи, јавно кажа во неговото обраќање дека двајцата сакаат да дојдат до решение и тоа е добар сигнал од таа гледна точка.

Груевски, јави известувачот на МИА, вели дека барем кај неговиот грчки колега веќе нема дилеми оти македонската страна сакаме да се реши проблемот, бидејќи во минатото постоеле такви дилеми.

- Мислам дека Папандреу отворено зборува дека тој и јас, нашето и нивното раководство сакаме да дојде до договор, но се уште трагаме по решение, се разбира под чадорот на мандатот на Метју Нимиц. Се обидуваме да најдеме решение што нема да им наштети на двете држави, ниту на  Грција, ниту на интересите на Македонија, рече македонскиот премиер.

Одговарајќи на новинарско прашање дали се очекува наскоро конкретен предлог од Нимиц, истакна дека тоа зависи од медијаторот и оти тој има зачестени консултации со двете страни.

- Веројатно трага по решение прифатливо за двете страни за кое би бил посигурен дека нема да биде одбиено. Не можам да предвидам ништо, изјави Груевски.

За излагањето на Папандреу дека се покренати иницијативи и нови напори, тој рече дека времето ќе покаже дали е така и оти не преостанува ништо освен да се верува дека тоа што го говорел, и го мислел.

Груевски смета дека секоај средба е корисна бидејќи има почеста комуникација, а со тоа се зголемуваат шансите да се најде некакво решение.

- Се подобруваат човечките односи, што влијае и на подобрување на односите меѓу земјите, а кога има подобра атмосфера полесно може да се дојде до решение, посочи шефот на македонската Влада.

Денешната беше шеста тет-а-тет средба Груевски – Пандреу од октомври минатата година. Претходата беше на 17 овој месец во Брисел. Досегашните средби беа оценети како корисни за зголемувањето на довербата и разбирањето меѓу двете страни, но не донесоа напредок во решавањето на билатералниот спор за името.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...