Во СЕ треба да се почитува терминот Македонско претседателство

Стразбур, 24 јуни 2010 (МИА) – Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Мевлут Чавушоглу изјави дека не добил писмо со кое се бара од него да не го употребува терминот Македонско претседателство, јави известувачот на МИА.

- Не сум добил такво писмо, но ова е Македонско претседателство. Претходно беше Швајцарско претседателство, ќе следи Турското претседателство, а не претседателството на Турција. Следно е Украинското претседателство. Треба да ги почитуваме земјите според името со кое ќе претседаваат. Јас го користам терминот Македонско претседателство и тоа треба да се почитува. Прашањето е вистинска пречка во евроатлантската интеграција и се надевам дека тоа ќе биде решено што е можно поскоро. Добро е што премиерите на двете земји почесто се среќаваат, прво во Шпанија, а и вчерашната средба во Истанбул, рече Чавушоглу на заедничка прес-конференција со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Претседателот Иванов рече дека не знае кои се намерите на оние кои се обидуваат повторно да го актуелизираат прашањето со именувањето на Македонското претседателство.

- Ние сме тоа што сме. Ние претседаваме како Македонско претседателство и ги истакнуваме своите приоритети и цели што сме ги зацртале како држава. Не можам да зборувам во име на тие што ја отвориле таа дебата, рече Иванов.

Тема на нивните разговори, како што истакнаа, биле македонските приоритети за време на Македонското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа, како и приоритетите на Чавушоглу како што се јакнење на меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог, инвестирање во младината и инвестирање во различностите.

Претседателот Иванов на оваа трета нивна средба за пет недели, особено ја подвлекол можноста како Македонија со своето искуство на градење модел на интеграција на различните идентитети без асимилација да помогне во реформите на оваа најстара европска организација.

Предвидено е Иванов да оствари средба со генералниот секретар на СЕ Торнбјорн Јагланд. Тој во својство на шеф на државата претседавач со Комитетот на министри на СЕ, напладне ќе има свое обраќање на летната сесија на ПС на СЕ.

За време на јунската сесија на ПС на СЕ од 21 до 25 јуни пред пратениците во ПС на СЕ се обратија претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ и црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...