Претседателот Иванов на регионална лидерска средба во Призрен

Призрен, 26 јуни 2010 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе учествува на регионалната лидерска средба во Призрен, заедно со шефовите на држави на Косово, Црна Гора и Албанија, Фатмир Сејдиу, Филип Вујановиќ и Бамир Топи.

Главни теми на кои ќе разговараат претседателите се билатералните односи, економската соработка и евроинтеграциските перспективи.

Шефот на државата Иванов претпладне ќе има билатерални средби со своите колеги Сејдиу, Вујановиќ и Топи. По свечениот ручек ќе се одржи пленарен состанок, а мини балканската претседателска средба ќе заврши со прес-конференција.

Иванов утре ќе се сретне со претставници на Македонско-горанската заедница.

На средбата во Призрен не присуствува српскиот претседател Борис Тадиќ. Коментирајќи ја средбата во Призрен, на која српскиот претседател Тадиќ не е поканет, државниот секретар во српското Министерство за Косово и Метохија Оливер Ивановиќ вчера изјави дека секоја средба, организирана од косовските власти, го губи значењето „без главниот фактор на Балканот- Србија“.

Минатата година ваква регионална средба се одржа во албанскиот град Валона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...