Претседателот Иванов ќе предложи Македонија да биде домаќин на идната регионална лидерска средба

Призрен, 26 јуни 2010 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов на пленарниот состанок што попладнево ќе се одржи во рамките на лидерската средба во Призрен ќе ги повика своите колеги од Албанија, Црна Гора и Косово, Филип Вујановиќ, Бамир Топи и Фатмир Сејдиу да ја прифатат неговата понуда Македонија да биде домаќин на следната трета регионална средба што би се одржала во истиот период во 2011 година.

Иванов, велат од неговиот Кабинет, придава особено значење на овој формат-средби и ги смета за исклучително корисни и значајни за иднината на нашиот регион која е апсолвирано прашање – влез во ЕУ и НАТО. Првата ваква средба се одржа лани во истиот период во албанскиот град Валона.

Шефот на македонската држава, како што јави известувачот на МИА од Призрен, на пленарката, исто така, ќе ги охрабри косовските власти за воспоставување дијалог со Белград.

Тој ќе побара од своите колеги да разменат мислења за инфраструктурните и енергетските поврзувања во регионот и притоа ќе ги информира за исходот од неодамнешните разговори со рускиот претседател Дмитриј Медведев и со првите луѓе на „Газпром“. Ќе ги поттикне претседателите Топи, Сејдиу и Вујановиќ да иницираат нивните влади да размислат за евентуално поврзување со гасоводот „Јужен поток“. Исто така, се очекува да стане збор и за патната и железничката инфраструктура.

Иванов на пленарниот состанок ќе побара интензивирање на соработката во борбата против организираниот криминал.

Претходно денеска четворицата претседатели одржаа меѓусебни билатерални средби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...