Иванов, Топи, Сејдиу и Вујановиуќ со порака дека земјите имаат исклучителна соработка

Призрен, 26 јуни 2010 (МИА) - Претседателите на Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, Ѓорги Иванов, Бамир Топи, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ денеска упатија порака од Призрен до меѓународната заедница дека овие земји имаат исклучителна соработка, која се интензивираше во последната година, оти ниту еден нивен граѓанин не смее да биде изоставен од слободно движење и презедоа обврски за значително подобрување на инфраструктурата и енергетиката во регионот.

- Не радува што Македонија и Црна Гора имаат статус на слободно движење на граѓаните. Албанија е на прагот на добивањето на тој статус, изјави албанскиот претседател Топи, истакнувајќи дека исто така од оваа поволност не треба да бидат исклучени граѓаните на Косово.

Домаќинот на средбата косовскиот претседател Сејдиу истакна дека главна тема на средбата било слободното движење на граѓаните и стоката, што е основа за интеграција во ЕУ.

На пленарниот состанок што се одржа попладнево, Косово беше охрабрено да започне дијалог со Србија. Шефот на македонската држава Иванов истакна дека сите проблеми и прашања во регионот мора да се решаваат со дијалог.

- Комуникацијата ја враќа довербата меѓу страните. Би се радувале кога на некоја од следните средби би ги видиле и српскиот претседател Борис Тадиќ и грчкиот Каролос Папуљас, изјави Иванов.

Вујановиќ рече дека треба да се афирмира вредноста на дијалогот, како подобрување на целосната атмосфера во регионот и потсети на разговорите што Македонија ги води со Грција во врска со разликите за името.

- Имаме еден дијалог меѓу Македонија и Грција и сакаме што поскоро да заврши за Македонија побрзо да влезе во НАТО и во ЕУ. Вториот дијалог меѓу Србија и Косово треба да почне и да се заснова на фактите дека од една страна Косово е признато од 69 земји во светот, но и оти 123 држави - членки на ОН ја немаат признаено нејзината независност. Повод за дијалог треба да се најде токму во овие две реалности, рече црногорскиот претседател.

Албанија исто така го поттикнува дијалогот меѓу Србија и Косово, како што рече претседателот Топи, но во услови на статус на взаемен суверенитет. Тој се заложи Косово да учествува на сите регионални средби, а не како што лобира Белград.

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, одговарајќи на новинарско прашање, демантираше дека е оваа средба е коалиција против Србија.

- Не. Ова е добар модел за соработка меѓу земјите во регионот, практичен пристап на кој сметаме дека ќе се приклучат и другите земји од регионот, вклучувајќи ја и Србија. Тоа е од исклучителна важност за развој на регионот, но секогаш со почит кон суверенитетот и особеностите на секоја земја посебно, изјави косовскиот претседател.

Следната средба на четворицата претседатели ќе се случи идната година во Македонија, а поканата за неа ја упати денеска претседателот Иванов. Македонскиот претседател посочи дека во споредба со пред 10 години, очигледен е напредок во соработката меѓу овие четири земји, но и оти таа треба да продолжи да се развива, особено во однос на инфраструктурата и енергетиката.

Претседателите Иванов, Топи, Сејдиу и Вујановиќ со порака дека треба да продолжи и соработката во борбата против организираниот криминал и владеењето на правото.

Претходно денеска претседателите на Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора остварија меѓусебни билатерални средби.

Шефот на македонската држава Иванов утре во комплексот на Шар Планина, во близина на Призрен, ќе разговара со претставници на Македонско-Горанската заедница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...