Ја почнуваме битката за предвремени парламентарни избори

Скопје, 27 јуни 2010 (МИА) - Нема Македонец што сака да се смени уставното име. Јас сум првиот што не сака тоа да се случи, што тврди дека Грција спроведува една неправедна, недемократска, неевропска политика кон Македонија. Грција на најбезочен начин ги злоупотребува своите права како членка на НАТО и ЕУ. Но тој факт не ме ослободува од одговорноста да мислам на иднината на мојот народ, да најдам одговор на прашањето како и што понатаму, рече вечерва на митингот на СДСМ во Скопје нејзиниот лидер Бранко Црвенковски.

Тој истакна дека митингот е најава за нивната битка за предвремени парламентарни избори  по ноември, односно по самитот на НАТО и дека тие ќе бидат нивна цел без оглед на исходот од самитот на Алијансата или на евентуален успех од преговорите со Грција за името.

- Наша цел е успешна Македонија. Наша цел е победничка Македонија. Македонија заслужува подобра иднина.... Знаеме дека такви избори пред ноември би биле погубни за иднината на земјата и затоа ниту такви избори бараме, ниту на такви избори ќе учествуваме, рече Црвенковски на митингот што се одржа пред Владата на Република Македонија.

Тој го обвини премиерот Никола Груевски дека „со приказната за патриоти и предавници“ земјата ја води кон меѓународна изолација и во длабоки внатрешни конфронтации. Прашувајќи што е поголем патриотизам, ги посочи меѓународните успеси на државата додека СДСМ била на власт, како приемот во ОН, признавањето на уставното име од страна на САД во 2004 година, кандидатскиот статус за членство во ЕУ...

Црвенковски ја прозва Владата дека води политика со која „по четири години Македонија е во ќорсокак, наместо на крстопат во сите сфери“. - Демократијата и слободите ги уназадија, меѓуетничките односи ги влошија, евроатлантските интеграции ги блокираа, рече лидерот на опозициската партија.

Според него, власта генерирала разорана економија,  стопанството кое „се дави во неликвидност“, последно место во Европа по странски директни инвестиции, невработеност, пад на земјоделското производство. Констатираше непостоење на јавниот здравствен систем поради негов колапс и популистички мерки во образованието.

Црвенковски праша каде завршиле буџетските средства во изминатите четири години кои, како што рече,  се за четири милијарди евра повеќе од сите буџети заедно од 2002 до 2006 година. Посочи дека тие се трошат на владини кампањи и споменици, наместо за стечајците, професионалните војници, бранителите, млекарите, текстилците и земјоделците.

Покрај Црвенковски, на митингот на СДСМ вечерва зборуваа и Ѓорѓи Оровчанец, како претставник на опозицискиот фронт, архитектот Мирослав Грчев, претставници на млекарите и стечајците и на Граѓанската иницијатива „Граѓани за европска Македонија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...