Отказ за полицаецот вмешан во инцидентот со снимателот на ЕРА

Скопје, 29 јуни 2010 (МИА) - Полицискиот службеник Б.В. непотребно се впуштил во вербална расправија со снимателот со што постапил спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници. Ќе биде поднесен предлог за покренување постапка за утврдување на одговорност до надлежната комисија за отказ во МВР против вработениот во Одделот за обезбедување на лица и внатрешно обезбедување на објекти.

Ова е заклучокот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СЦКПС) при МВР донесен по спроведената истрага во врска со инцидентот што се случи вчера меѓу лице од обезбедувањето на премиерот Никола Груевски и снимателот од телевизијата ЕРА пред почетокот на средбата на лидерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“. 

Според СВКПС, Б.В. постапил спротивно на Упатството, со тоа што во службените односи со граѓаните не се однесувал пристојно, одмерено, објективно, и коректно и не ја почитувал личноста, достоинството, правата и слободите на граѓаните. Не го чувал својот углед, како и угледот на полицијата, се појаснува во денешното соопштение од МВР.  

Во врска со наводите во медиумите дека снимателот бил удиран од обезбедувањето, примена на физичка сила не потврдил ниту оштетениот, ниту новинарите со кои е контактирано, а учествувале во изготвувањето на извештаите.
 
Во соопштението се подвлекува дека МВР го осудува секое непрофесионално постапување на поединци со кои се нарушува угледот на полицијата и во најкус можен рок против нив ќе бидат изречени соодветни санкции од надлежната комисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...