Приведен фармерот Душко Илиевски

Битола/Скопје, 15 јули (МИА) - Битолчаните Душко, Томе и Цане Илиевски денеска се приведени поради основано сомнение дека на нивна нива во околината на Битола одгледувале канабис сатива.

- Во текот на денешниот ден полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога од СВР-Битола извршија претрес во дом и други простории, како и во градинарска нива во местото викано гратско поле во околината на Битола каде што се пронајдени и одземени 207 стебла од растението „канабис сатива“ од кое се произведува наркотична дрога марихуана. Поради постоење основано сомневање дека се сторители на кривично дело недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, казниво според член 215 од КЗ на РМ, во текот на денот од страна на полициски службеници при СВР-Битола се приведени три лица, изјави на денешната средба со новинарите, портпаролот на СВР-Битола Ѓоко Стрезовски.

Од семејството на Томе, Цане и Душко Илиевски, познат пелагониски млекопроизводител тврдат дека овој тип на растение вирее низ цело битолско поле и дека се сомневаат во полициската акција.

На средбата со новинарите во СВР-Битола беше презентиран одземениот „канабис сатива“ и потврдија дека целокупниот доказен материјал е предаден на истражен судија кој веќе води истражна постапка.

На приведувањето на Душко Илиевски поранешен кооперант на Сведмилк, реагираше СДСМ. Пратеникот Томе Чингоски ја обвини власта за партиско-полициски монтирани постапки. Според него, станува збор за нарушување на граѓанските слободи и права и за брутална пресметка со неистомислениците.

На реакцијата на СДСМ се огласи и ВМРО-ДПМНЕ. Партискиот портпарол Александар Бичиклиски изјави дека „не можат да поверуваат оти СДСМ на незавршена постапка реши да се стави во одбрана на луѓе за кои што постои сомнеж дека на нивно земјоделско земјиште одгледувале опојна дрога“. Наместо, како што ја оцени, оваа панична реакција, СДСМ требало да почека институциите да ја завршат својата работа, да се заврши истрагата и да се расветлат вистинските околности и да сфати дека иднината на младите генерации е побитна од ситниот политички интерес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...