Касати во нов обид да стигне подлабоко од 190 метри во Врело

Скопје, 19 јули 2010 (МИА) - Италијанскиот спелеонуркач Луиџи Касати денеска треба да продолжи со длабочинското нуркање во пештерата Врело, по враќањето од Рим каде што учествуваше на конференција посветена на спелеонуркањето.

Тој планира да направи неколку зарони во левиот крак со цел да отиде подлабоко од лани кога дојде до 190 метри. Неговиот ребридер (апарат кој овозможува користење на еден ист кислород подолго време), практично му овозможува да може да се симне до 280 метри длабочина.

Пештерата Врело за него може да биде исклучителна шанса да го собори сопствениот рекорд, а можеби и европскиот, бидејќи дава извонредни можности. Освен што е длабока, таа е и пространа и светла бидејќи карпите по нејзините ѕидови се бели, за разлика од други пештери што го олеснува нуркањето, се вели во соопштението од Спелеонуркачки клуб „Врело“.

Во салата Пеони која е сува пештера, а се наоѓа на 120 метри од влезот во подводната пештера Врело  има 19,8 проценти кислород, што е доволно за дишење.

Ова го утврдија спелеонуркачите од клубот „Врело“ кои во изминативе два дена вршеа испитувања на карактеристиките на пештерата Врело со користење на посебен апарат.

- Во сувата пештера Пеони, покрај тоа што измеривме количина на воздух доволна за дишење, најдовме и измет од лилјаци, што укажува дека во овој дел на подводната пештера практично има живот, односно дека однекаде има доток на кислород и дека од таму веројатно влегуваат и лилјаци, вели Васил Соколов, спелеонуркач од „Врело“.

Во испитувањата се вклучи и Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ чии експерти од разни области (геологија, географија, биологија), предводени од академик Георги Ефремов на платформата пред Врело донесоа комплетна лабораторија за земање на примероци од подводната пештера.

Во собирање на овие податоци учествуваат нуркачите Васил Соколов, Киро Ангелески и Бојан Петковски од „Врело“, а од странските Марк Вандермулен и Алесандро Фантини, кои извршија зарони на поголеми длабочини. Примероци на вода се земени од четири точки и тоа на влезот на пештерата, на 120 метри од влезот, на 300 метри и на 420 метри, потоа од салата наречена Зона на самракот, и тоа на длабочини од 10, 15, 40 и 100 метри.

Истовремено, земани се примероци од карпите од различни локации долж пештерата Врело, како и од воздухот од салата Пеони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...