Нова координација во Собранието за анкетната комисија и Деловникот

Скопје, 19 јули 2010 (МИА) - Владејачкото мнозинство и опозицијата денеска на нова координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе се обидат да се договорат за составот на анкетната комисија за инцидентот во Парламентот на 1 јули и за измените на собранискиот Деловник.

Претставниците на СДСМ во петокот ја напуштија координацијата со образложение дека не било прифатено нивното барање со одлуката за формирање на Комисијата да се утврди и нејзиниот персонален состав, а дури потоа да се разговара за Деловникот.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева изјави дека жали поради недовербата што ја искажува опозицијата кон парламентарното мнозинство и отфрлањето на гаранциите дадени од претседателот на Собранието дека во пакет по завршувањето на втората точка за која што е свикана координација – Деловникот,  ќе се одлучи и за персоналниот состав на анкетната комисија.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски најави дека ќе закажува координативни средби секој ден се додека не се постигне согласност за анкетната комисија и за измените на Деловникот, со цел да се расчисти инцидентот и да се прати  добра порака до Брисел во пресрет на состанокот на Комитетот за Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Вељаноски вчера во Охрид најави дека неделава ќе свика седница на Собранието со две точки на дневен ред - формирањето на анкетната комисија и  Деловникот за работата на законодавниот дом.

- Парламентот има капацитет, чекор по чекор, трпеливо да излезе со решение. До крајот на оваа седмица имам намера да свикам седница по двете прашања. Убеден сум дека политичките партии, кои се учесници во преговорите за двете прашања, со моја помош ќе изнајдат решение, во интерес на граѓаните на Република Македонија, порача Вељаноски.

Тој изрази уверување дека никој во Парламентот не работи против интересите на државата, оттаму и неговата убеденост дека до крајот на престојната седмица Собранието ќе испорача комплетно позитивна слика за Македонија, и на тој начин ќе се добие позитивен извештај за државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...