Kомпликации при породувањето причина за смртта на Мајсторова

Велес, 22 јули 2010 (МИА) - Директорот на Велешката болница д-р Ванчо Граматов во врска со случајот со родилката која почина изутрината на Гинеколошкото одделение изјави дека нејзиното породување почнало нормално, но подоцна имало компликации и таа паднала во безсознание.   

На 45-годишната Лиле Мајсторова тоа и било трето породување. Медицинскиот тим предводен од искусниот гинеколог д-р Атанас Василев  според д-р Граматов, цели  три часа правел напори да ја спаси родилката.

И покрај целата укажана помош таа починала во 4 часот изутрината, а откако претходно родила здраво  машко дете кое итно е  пренесено на Клиниката за детски  болести во Скопје.

Телото на починатата родилка Лиле Мајсторова е пренесено на обдукција во Судска медицина во Скопје каде  стручњаците  по оваа област треба да ја утврдат точната причина за смртта на родилката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...