Извршен увид за обезбедената здравствена заштита на починатата родилка од Велес

Скопје, 23 јули 2010 (МИА) - Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат во согласност со законските надлежности, во текот на вчерашниот ден извршија увид во здравствената документација за текот на обезбедената здравствена заштита на починатата родилка во Велешката болница и околностите кои можеле да имаат влијание врз ваквиот неповолен исход.

Во прелиминарниот извештај на Инспекторатот, се вели во соопштението од Министерството за здравство, е констатирано дека починатата М.Л., 45 годишна, треторотка, на 21 јули во 14 часот била примена на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ „Општа болница“ Велес и при прегледот таа била во добра општа здравствена состојба, како и нејзиниот плод.

Параметрите за виталноста на плодот биле уредно следени преку ЦТГ. На барање на пациентката, породувањето било закажано кај истиот доктор од претходните нејзини породувања. Во еден часот по полноќ докторот констатирал дека пациентката ненадејно добила „екламптичен напад“ со грчеви.  Заради оваа состојба веднаш била дадена потребната терапија и бил повикан дежурен анестезиолог. Во тој момент пациентката веќе почнала да ја губи свесноста и контактибилноста. Кожата на екстремитетите на родилката била модра. На повик била земена крв и други биохемиски лабораториски испитувања и бил поставен катетер за мерење на диурезата. Резултатите покажувале крвни елементи и хемоглобин во граници на нормални вредности,  покачена гликоза и лесно покачени триглицериди и холестерол. Бил повикан уште еден анестезиолог, кој учествувал во породувањето, се вели во соопштението.

Пациентката за ова време била поставена на монитор, заради следење на параметрите на виталните функции, крвниот притисок бил низок, таа била неконтактибилна, при што била извршена трансфузија на крв и плазма. Заради сериозноста на ситуацијата бил организиран транспорт со болничка кола до ГАК Скопје. Но, пред транспортот пациентката добила втор епилептичен напад, со регистриран застој на срцевата акција и констатирани проширени и нереактивни зеници. Била изведена реанимација на родилката. На сето ова, родилката не реагирала и во 5 часот била констатирана смрт, се наведува во соопштението.

Според извештајот од Инспекторатот, „од направениот увид во евиденцијата во здравствената документација е констатирано дека таа била уредно водена од здравствениот персонал на одделението“.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство формираше и Комисија за стручен надзор, која врши детална контрола дали во третманот на пациентката е постапено според медицинските протоколи.  Министерството за здравство е уверено дека преку ваквите активности, како и резултатите од активностите на останатите државни органи како што е Институтот за судска медицина ќе се откријат причините за овој непосакуван исход во третманот на пациентката, стои во соопштението.

Од Министерството апелираат до сите оние кои имаат какво било влијание врз обликување на јавното мислење, да обрнат посебно внимание на видот, релевантноста и веродостојноста на информациите кои ќе и ги соопштат на јавноста, со цел да се заштити интегритетот на семејството на пациентката, но и да се остави доволно простор на надлежните органи професионално да ги извршат своите задачи во насока на навремено и точно  утврдување на причината за смртта на пациентката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...