Препорака од МНР за патување во Грција

Скопје, 29 јули 2010 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Република Македонија препорачува граѓаните кои планираат да патуваат во Република Грција со патнички возила, да влегуваат во земјата со полн резервоар гориво, како и да внимаваат на количеството на гориво неопходно за враќање во Република Македонија. Ваквата препорака произлегува од состојбата со блокадата и застојот во патниот сообраќај во Република Грција, настанат поради кризата со дистрибуцијата на гориво на бензинските станици, предизвикана од штрајкот на транспортерите кои ги блокираат излезите од рафинериите и складиштата со гориво.

Во соопштението се наведува дека ситуацијата е посебно влошена во туристичките места, каде воопшто нема гориво и веќе има случаи на странски туристи останати на отворен пат.

На македонските граѓани им се препорачува редовно да ја следат состојбата во Грција, како и да го контактираат Министерството за надворешни работи и македонските дипломатски претставништва во Атина и Солун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...