Во Македонија не е регистриран случај на заболен од вирусот „западен нил“

Скопје, 11 август 2010 (МИА) - Заклучно со денешниот ден во Република Македонија не е регистриран случај на заболување од вирусот „западен нил“ кој кај човекот се пренесува со убод од комарец. Дваесет заболени се регистрирани во северниот дел на Грција од кои вчера вчера шест нови во околината на Лариса и Верија. Регистрирани се два смртни случаи, а останатите се хоспитализирани, рече на денешната прес-конференција проф.д-р Жарко Караџовски од Секторот за заразни заболувања при Институтот за јавно здравје на Македонија.

Тој посочи дека 95 отсто од сите регистрирани случаи се лица над 55 години. Од потешка форма на ова заболување, истакна тој, најчесто заболуваат лица на возраст над 55 години и се имунокомпромитирани, имаат малигни заболувања, дијабетес и кај кои болеста се манифестира потешко. 

- Потеклото на вирусот е западен Нил во Египет. Целиот медитерански басен е погоден за развој на комарецот. Вирусот е регистриран и во северната хемисфера и локацијата му е Северена и Средна Америка, северниот дел на Африка, медитерански басен, јужна и југоисточна Европа. Големи епидемии со повеќе од 200 до 300 заболени од вирусот и повеќе од 20 смртни исходи изминатата декада се регистрирани во Русија и во југоисточниот дел на Романија во делтата на Дунав, рече Караџовски.

Тој појасни дека повеќе од 59 типови на комарци се тие кои се трансмитери на ова заболување, а меѓу нив е и тигрестиот комарец кој може да го пренесе вирусот.

- Резервоар на вирусот се птиците преселници и во нив тој се размножува и тие се идеален услов да го чуваат во себе. Досега не е познато дека секрети и екскрети на човекот може да го пренесат ова заболување. Според најновите истражувања се смета дека трансфузија на крв од заболен човек може да ја пренесе инфекцијата на здрав човек. Други цицачи во помал број потенцијално може да го пренесат вирусот, истакна Караџовски.

Тој рече дека со убод од комарец вирусот навлегува во човековата циркулација и оти има два типа инфекција-лесна клиничка форма која се манифестира како треска „западен нил“ (со симптоми на слабост, малаксаност, гадење, повраќање, губење апетит, зголемени лимфни жлезди и појава на црвенило по телото) и потешка невролошка форма и зафаќање на централниот нервен систем (основно заболување е воспаление на мозокот).

- Од 96 до 97 отсто од случаите ова заболување завршува со излекување и со лесна клиничка форма. По инкубацијата од два до 14 дена има појава на заболувањето. Во првиот стадиум болеста не може да се разликува од било кое друго акутно заболување кое почнува со симптоми на грип. Од 96 до 97 отсто од случаите во период од два до шест дена има излекување спонтано или со употреба на симптоматска терапија против грип. Потешките клинички форми меѓу еден и четири отсто можат да завршат со смртен исход, посочи Караџовски.

Засегањето на централниот нервен систем, појасни тој, може да биде акутно (пациентот во времетраење од 24 часа, па натаму ги почнува првите симптоми-отежнат говор, слух, главоболка, мачнина, повраќање, изгубени рефлекси, отежнато душење).

- При зафаќање на централниот нервен систем  се јавува парализа на екстремитетите. Се лекува воспалението на мозокот. Во период од три до седум дена настанува оштетување на дишењето и пациентите завршуваат на апарати. Многу често по овие седум дена настанува откажување на системот и центарот за дишење и работа на срце и има смртен исход, потенцира Караџовски.

Тој укажа дека најдобра превенција од каснување на комарец е ако се избегнуваат оние активности кога комараците се најактивни, а тоа е на зајдисонце и наутро пред разденување.

- Треба да се носи облека со долги ракави доколку се влегува во региони каде знаеме дека има комараци - излетнички места, шумски предели, бари, каде има трски, застојани води. На почетокот на јуни во период кога се формираат ларви на комарците, државата прави т.н. ларвицидно уништување (дезинсекција), а тоа е четирикратно прскање, секој месец по два пати со цел да се спречи порастот на ларви и комарци, додаде д-р Караџовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...