МОН ги распределува бесплатните учебници

Скопје, 12 август 2010 (МИА) - Учебниците за петто одделение се отпечатени и нивната распределба по основните училишта во Македонија е при крај. Министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска присуствуваше на дистрибуцијата на комплети учебници за петтоодделенците во скопското училиште „Дане Крапчев“.

Министерството за образование и наука годинава ги има надлежностите за печатење на учебниците за петто и за осмо одделение, како што лани ги имаше ингеренциите за целиот процес на објавување на учебниците за четврто и за седмо одделение - од откупот на авторските права до нивното печатење.

- Испечатени се околу 210.000 книги за петто одделение. Привршува и печатењето на книгите за осмо одделение. Се надевам дека за два до три дена и тие ќе бидат готови и ќе ја почнеме нивната дистрибуција. Во тек е и печатењето на учебниците за четврто и за седмо одделение кои минатата година не беа отпечатени поради проблеми во административна процедура за обезбедување на сите учебници. Оваа година ќе ги испечатиме учебниците кои не  беа испечатени лани - за музичко, физичко, ликовно..., изјави Тодоров.

Книгите за другите одделенија не ги печати Министерството и се обезбедуваат како откуп на тиражи. Тие, како и учебниците за гимназиското образование, во најголем дел се обезбедени и нивната распределба се очекува од наредната седмица.

Наместо учебниците да се подигнуваат од дистрибутивни центри, како што беше минатата година, оваа година тие ќе бидат доставувани до секое училиште. МОН направи систем со веб-апликации со што од  сите училишта доби податоци за точниот број учебници што им се потребни.

За околу 300 предмети средношколците во стручните училишта првпат по многу години ќе имаат учебници. Но, проблем останува недостигот  на учебници за уште 214  стручни предмети од вкупно 536, зашто и покрај повиците на МОН до наставниците и универзитетските професори се уште нема одѕив да се формираат авторски тимови што ќе ги напишат.

Тодоров рече дека за содржината на отпечатените учебници се надлежни рецензентските комисии и оти тој како министер не е стручен за да го оценува квалитетот на учебниците за сите области, и покрај тоа што со свој потпис го одобрува нивното објавување.

- Начинот на кој се избираат учебниците во Македонија е определено со закон. Тоа е сложена процедура која минува низ повеќе филтри - најпрво се распишува конкурс и целата процедура ја спроведува националната комисија за учебници. Секој учебник има рецензенти, се избираат најдобрите учебници  и врз основа на предлозите на стручните лица тие се предлагаат до министерот кој носи решенија. Ниту еден министер во Македонија, ниту сега, ниту кога било во иднина, веројатно, нема да може да биде стручен да ја провери содржината на сите учебници во државата и секој министер, како што правам јас, се потпира на стручното мислење на рецензентите. Доколку има пропусти, се нарушува  и нивниот професионален дигнитет и кредибилитет, рече Тодоров.

Проектот бесплатни учебници почна минатата година и печатењето 4 милиони учебници за сите ученици во основно и во средно образование чинеше околу една милијарда денари. Износот за 2010/2011 ќе биде меѓу 15 и 20 отсто од минатогодишниот зашто оваа генерација ќе ги користи учебниците од претходната. Во трошоците за оваа година влегува и печатењето на учебниците од прво до трето одделение кои поради интерактивните содржини беше одлучено да не се враќаат и секоја година да се печатат нови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...