Новиот тим рецензенти ќе реши дали учебникот „Општество“ ќе биде повлечен

Скопје, 16 август 2010 (МИА) - Министерот за образование и наука Никола Тодоров вечер ќе има состанок  со новиот тим рецензенти кои викендов ја ревидираа содржината на целиот учебник „Општество“ за петто одделение.

Тие ќе му ги пренесат на Тодоров заклучоците од суперрецензијата од која ќе зависи дали ќе биде повлечен целиот учебник или ќе се препечатува само спорната страница  од делот за културата во Македонија.

- Денеска ќе одлучиме дали ќе препечатуваме само една или две страници, а доколку е така станува збор за мала штета. А доколку се препечатува целиот учебник, тоа ќе биде прилично поголема штета и тоа ќе биде сосема друга одговорност, рече Тодоров на прес-конференција.

Околу 1 милион денари би чинело печатењето нов учебник по „Општество“ во околу 15.400 примероци.

Министерот не откри кои се рецензентите во новоформираниот тим.  Претседател на рецензентската комисија на учебникот што предизвика реакции е проф. д-р Антоанела Петковска од Филозофскиот факултет во Скопје.

Тодоров информираше дека  хонорарот за рецензентите на учебниците е околу 4.000 денари, а околу 3.000 евра вкупно за сите автори.

Во училиштата е прекината дистрибуцијата на овој учебник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...