На одбележувањето на Денот на АРМ, началникот на ГШ на АРМ побара поголема поддршка

Скопје, 17 август 2010 (МИА) - Со свечено постројување вработените во Министерството за одбрана и во АРМ денеска го одбележаа 18-ти август, Денот на АРМ.

По овој повод, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал- потполковник Мирослав Стојановски, во присуство на министерот за одбрана Зоран Коњановски, во обраќањето нагласи дека овој датум го означува континуитетот на слободарскиот дух на двата Илиндена, но и темелот на формирањето на АРМ, како Армија на граѓаните на независна и суверена Република Македонија.

- Заради достигнатиот степен на интероперабилност, оперативна способност и обученост кои ги потврдивме во пракса, во Алијансата сме прифатени како рамноправен партнер. Спроведувањето на модерен систем за обука со примена на стандарди на НАТО, АРМ ја ставаат на високо место во борбата против глобалниот тероризам, нагласи Стојановски. Тој потсети дека 254 македонските мировници се распоредени во мировните мисии Авганистан, Босна и Херцеговина и во Либан.

Според началникот Стојановски АРМ е институција во која се спроведени најтемелните и најсеопфатни реформи и затоа, порача, дека за остварување на амбициите за развој на АРМ како армија на земја идна членка на НАТО, неопходна е конкретна поддршка, со која ќе се обезбедат  услови за продолжување на интегративниот процес кон Алијансата.

- Но, и покрај постигнатите високи резултати припадниците на АРМ живеат и работат во релативно тешки услови, на што во голема мерка влијаат доделените буџетски средства за потребите на одбраната, а соочени сме и со опаѓање на нивниот стандард, оцени началникот на ГШ на АРМ, додавајќи оти недоволната реализација на армискиот буџет во услови на светска економска криза, негативно влијае, посочи, и на процесот на опремување и модернизација на Армијата.

Со едноминутно молчење почит им беше оддадена и на загинатите припадници на АРМ во 2001 година, по што беа положени венци и цвеќиња на споменикот во кругот на Министерството за одбрана и на ГШ на АРМ, од страна на делегации од МО, АРМ, Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени стрешини на Република Македонија, како и од семејствата на загинатите.  

Во рамки на одбележувањето на Денот на АРМ, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, се одржува изложба на која се прикажани материјално-техничките средства и борбените возила, како и дел од вооружувањето со кое е опремена АРМ. Тактичко-техничкиот (ТТ) збор е од отворен карактер.  Доцна попладнево дружењето со граѓаните по ТТ ќе заврши со концерт, на кој ќе настапат естрадни уметници од забавната и народната музика.

Претходно, во утринските часови на градските гробишта во Бутел се одржа церемонија со полагање венци со цвеќе со воени почести на  партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис  Трајковски, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

На 18 август 1943 година е формиран батаљонот „Мирче Ацев“ како прва регуларна воена единица на Народноослободителната Војска на Македонија, која прерасна во респектабилна Армија и дел од антифашистичката коалиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...