Централна свеченост по повод Денот на АРМ

Скопје, 18 август 2010 (МИА) - Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи централната свеченост по повод 18-ти Август – Денот на АРМ.

На свеченоста ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија и врховен командант Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, поранешните претседатели на Република Македонија,  министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, министри во Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции во Република Македонија, амбасадорите, воените аташеа, високи воени претставници акредитирани во Република Македонија и други високи гости.

Свечениот строј, по овој повод, ќе го сочинуваат ешелони од повеќе единици на АРМ, ГШ на АРМ, како и припадниците на 2. механизирана пешадиска бригада кои неодамна се вратија од мисијата ИСАФ во Авганистан.

Како што е најавено, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателот на Република Македонија Иванов и министерот за одбрана, Коњановски.

На свеченоста е предвидена и церемонија за унапредување на офицери на АРМ во чин полковник.

По завршувањето на свеченоста од касарната „Илинден“ во чест на Денот на АРМ, ќе се изврши почесна стрелба со испалување на 10 плотуни од 12 артилериски орудиа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...