АРМ го прослави 18-от роденден

Скопје, 18 август 2010 (МИА) - Армијата на Република Македонија како еден од темелите на македонската независност и сувереност одговорно ја исполнува својата задача - да биде суверен гарант на нашиот територијален интегритет, демократијата и слободата на граѓаните, нагласи министерот за одбрана Зоран Коњановски денеска на централната свеченост по повод 18 Август - Денот на АРМ, што се одржа во скопската касарна „Илинден“.

Говорејќи за минатото, Коњановски, пред претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, дипломатскиот кор, поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски, поранешни министри за одбрана, претставници на Сојузот на борците и други гости, меѓу другото потсети на моментите кога, подвлече, поранешната ЈНА зема се што можеше да се земе.

- Но, никој во историјата досега неможел да земе една работа од Македонија. Нашиот дух, исполнет со стремежот за сопствена држава и сопствена Армија. Нашиот дух на толеранција и мирољубивост, пожртвуваност и желба за независност, потенцира министерот за одбрана.

Тој уште еднаш потврди дека интеграцијата во НАТО и во ЕУ е врвен приоритет  од кој нема отстапки. Во таа насока, укажа дека Македонија е меѓу првите пет земји придонесувачи за светскиот мир според бројот на мировници по глава на жител и тоа преку мисиите во Ирак, Авганистан, БиХ, Либан и Косово.

- Република Македонија не бара да биде наградена, бара да биде правилно вреднувана. Бараме да го добиеме заслуженото и принципиелен исчекор базиран на меѓусебно почитување и дијалог, рече Коњановски.

Според него, во година на светска криза, кога буџетите на земјите - членки на НАТО се драстично намалени, Македонија и МО имаат завршено повеќе капитални проекти, меѓу кои обновувањето на Воената академија, реформи во военото здравство, изградба на полигонот Криволак и подобрување на состојбите во ВИНГ.

Во обраќањето по овој повод претседателот Иванов пак побара во наредниот период да се зголемуваат финансиските средства наменети за Армијата.

- Без континуирано вложување, стекнатата реформска кондиција може лесно да се изгуби. За да ги продолжиме реформите потребни се финансиски средства. Само така Армијата ќе може доследно да одговори на своите задачи, оцени претседателот и врховен командант на оружените сили на Македонија.

Честитајќи им го 18. Август на сите припадници на АРМ, Иванов потенцира дека се пример за тоа како треба да изгледа една современа професионална армија и затоа АРМ, рече, е еден од моторите на македонскиот пат кон евроатлантските интеграции. АРМ ги спроведе и ги исполни критериуми за членство во НАТО, но, порача, мора да остане посветена, да продолжи по тој пат и да се стреми кон осовременување на борбените постапки кон новите безбедносни ризици. 

Началникот на ГШ на АРМ, Мирослав Стојановски денеска им додели чинови - полковници на 12-те унапредени потполковници.

На 18 - оти роденден на АРМ со едноминутно молчење присутните им оддадоа почит и на сите загинати припадници на Армијата. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...