Болницата за гинекологија и акушерство во Чаир преименувана во „Мајка Тереза“

Скопје, 18 август 2010 (МИА) - Владата, на предлог на Министерството за здравство на вчерашната седница донесе одлука, Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир да го носи името „Мајка Тереза“.

Преименувањето на болницата, како што соопшти Министерството за здравство, доаѓа во време кога целосно ќе се реконструира, догради и модернизира со што ќе го зголеми капацитетот, а ќе биде подигнат и квалитетот на здравствените услуги што ги нуди на граѓаните.

Реконструкцијата предвидено е да трае 12 месеци и е дел од првата фаза од проектот за реконструкција, доградба и изградба со кој се опфатени 20 јавни здравствени установи во државата. 

По извршувањето на предвидените градежи зафати, родилиштето ќе добие нови модерни родилни, двокреветни соби и апартмани по најновите стандарди, со што родилките ќе добијат посовремен третман и попријатен престој во болницата, стои во соопштението.

Одлуката за преименување на болницата се совпаѓа со одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза.  

Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир е второ по големина родилиште во земјава, со над 3.000 породувања годишно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...