Поправање на неправдата од недостиг на учебници за средно, очекува министерот Тодоров

Скопје, 26 август 2010 (МИА) - По ревизијата на учебниците за основно ќе се врши проверка и на тие за средните училишта, а тој процес ќе оди полесно, најавува министерот за образование и наука Никола Тодоров. 

Тој се надева дека по случувањата со учебникот по „Општество“ и грешките пронајдени во други учебници сите професори и тимови кои се формираат за ревизија ќе направат солидни учебници.

- Учебниците за средно образование ќе одат во вториот циклус и таму ќе оди веројатно полесно целата ревизија, имајќи предвид дека 20 години и повеќе во Република Македонија недостасуваат учебници за средно образование, изјави денеска министерот Тодоров.

Оваа година, додаде Тодоров, направивме сериозен увид за поправање на оваа неправда којашто сите сме ја имале. - И јас сум еден од тие генерации ко јшто се образувал без никакви учебници во средно стручно образование. Сум завршил економско-правна струка во „Васил Антовски - Дрен“ и се надевам дека во тој дел исто така ревизијата ќе оди добро, рече министерот за образование.

На новинарско прашање дали ќе поднесе оставка по последните случувања со учебниците Тодоров изрази жалење, што, како што рече, „Македонија станала држава во која секој секого напаѓа“.

 - Македонија стана држава во која секој секого напаѓа и во која секој за себе мисли дека е најквалитетен, најкомпетентен и најповикан за определена работа и дека другиот е понеквалитетен и понеповикан да ја заврши таа работа. Но, јас демократијата ја разбирам како поле за судир на конфликти, идеи и политики, а не како мегдан за судир на суети. Тоа е веројатно и дефиницијата за македонското самоуништување, изјави Тодоров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...