Штипјанец извршил полов напад врз две девојчиња

Штип, 8 септември 2010 (МИА ) - Секторот за внатрешни работи од Штип го сомничи 65-годишниот штипјанец Т.Г. дека сторил кривично дело „полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години“.

Портпаролот на СВР Штип, Снежана Санева вели дека Т.Г. делото го сторил во текот на април и мај годинава, обезбедувајќи ги претходно од друго лице броевите на мобилните телефони на две ученички од осмо одделение од Штип, а кои немаат наполнето 14 години.

- Пријавениот им закажал средба на плоштад во Штип, каде тој пристигнал со патничко моторно возило „пежо“. Двете девојчиња се качиле во возилото и заедно заминале во неговиот стан, каде им прикажувал филм со порнографска содржина и во спалната соба имал полов однос со едното девојче, а другото во дневната соба јадело слатки и со мобилниот телефон ги снимала предметите од станот, а потоа сликите ги ставала на фејсбук, вели Санева.

Според истрагата на СВР–Штип лицето Т.Г. ваквите дејствија со двете девојчиња ги продолжувал и понатаму, со кои имал полови односи, а за возврат им давал пари и девизи во износ од 3.000 до 4.000 денари. Девојчињата парите ги трошеле за екскурзија и купување на храна и гардероба.

Санева вели дека 65-годишниот Т.Г. е предаден на Основното јавно обвинителство и на истражен судија при Основниот суд во Штип.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...