Време е да се реши прашањето за името

Брисел, 9 септември 2010 (МИА) - Време е да се одлучи во врска со прашањето за името, е пораката што попладнево од Брисел ја упати претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо по средбата со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, јави дописникот на МИА.

- Сега сум многу поуверен дека тоа ќе се случи, отколку што бев пред неколку години, изјави Баросо на денешната прес - конференција.

Според него со Иванов денеска оствариле многу важен состанок бидејќи, како што рече, сега се подготвува извештајот за Република Македонија што ќе биде објавен во ноември.

- Го охрабрувам претседателот Иванов за зацврстување на односите со соседите што е мошне важно за стабилноста во регионот, истакна Баросо.

Тој потсети дека  минатата година ЕК даде позитивни препораки за отпочнување на преговори, за визна либерализација, како и за поддршка за одење понатаму и решавање на проблемот со името.

- За жал ова сеуште се нема случено. Знам дека веќе се прават напори под покровителство на Обединетите нации и во директни преговори со Грција. Јас знам колку е ова прашање чувствително, меѓутоа ги повикувам двете страни да ја надминат оваа препрека, што е можно побрзо и сега е време да се донесе одлука за името, истакна Баросо.

Тој додаде дека му посочил на Иванов да продолжи со темпото со кое се одвива дијалогот.

Баросо подвлече дека Комисијата останува посветена на Република Македонија, очекува да се отворат преговорите веднаш кога тоа ќе го побара Советот и се надева дека во наредниве месеци тоа ќе се реализира.

Иванов на средбата со Баросо разговарал и за постигнатите успеси и напредокот на Република Македонија на патот на евроинтеграциите.

- Од последната посета во Брисел на почетокот на мојот мандат, можам да забележам дека е постигнат значаен напредок, нашите граѓани по долго време добија визна либерализација, што е значително помагање за подобро запознавање на луѓето, за економскиот развој, за туризмот, културната размена и вклучување на младите во единствениот образовен простор на Европа, изјави Иванов.

Овој успех, посочи претседателот, се должи на тоа дека кога се фокусираме на конкретни задачи на конкретни реформи со јасна цел и рокови тогаш не изостануваат ни резултатите. Тоа, според Иванов, не е само поттик за Македонија, туку за целиот регион.

- Препораката која што ја добивме од Европската комисија за отпочнување на преговорите за полноправно членство во Унијата дојде како резултат на реализираните обврски што ни беа поставени. Препораката воедно беше и претставува една силна потврда за граѓаните на Република Македонија дека земјата се движи по правилен пат и дека со напорна работа и спроведување на реформи можат да се постигнат успеси, рече Иванов.

Тој потсети дека значаен напредок е постигнат во подобрувањето на економијата и тоа во услави на криза. - Има развој на меѓуетничките односи и спроведување на Охридскиот договор, имаме зацврстување на македонскиот уникатен модел на демократија во мултиетничко општество кое ние го нарекуваме модел на интеграција без асимилација и сме специфични во нашиот регион, спроведовме реформи за ефикасна администрација за ефикасно судство и веќе резултатите се видливи, истакна Иванов.

Тој му порача на Баросо дека евроантланските интеграции се врвен приоритет за Република Македонија, и искрено верува дека препораката што ја даде Европската комисија наскоро ќе резултира и со датум за отпочнување на преговорите.

Иванов го спомена и билатералниот, односно ирационален спор. - Кредибилитетот на ЕУ заслужува поддршка од нејзината најстара членка во регионот и очекува навистина дека Грција ќе се однесува европски и како што доликува на член на Европската унија. Затоа секој потег што би го презела Атина наместо да ги попречува преговорите таа би била поддржувач и промотор на целиот евроинтеграциски процес за целиот регион, рече Иванов.

Свесни сме за тежината околу прашањето со Република Грција, нагласи Иванов и додаде дека Македонија е конструктивен чинител и апсолутно посветен партнер да се најде најдобро решение и да се надмине оваа препрека која е ставена пред нас.

- Ме охрабрува она што се случува во последно време. Враќањето на довербата меѓу лидерите на нашите две држави и соработката меѓу двете општества, воедно се интензивира и взаемната доверба меѓу граѓаните на Македонија и Грција. Се надевам дека овој дведецениски проблем ѓе резултира со взаемно решение, истакна Иванов.

Македонскиот претседател на прес- конференцијата изрази надеж дека препораките во претстојниот извештај на ЕК ќе бидат позитивни и ќе бидат дополнителна мотивација за европските преспективи на Република Македонија, затоа што граѓаните на Република Македонија тоа го заслужуваат.

На средбата претседателот Иванов го информирал Баросо и за состојбата во регионот и регионалната соработка.

Претседателот Иванов во рамки на  дводневната посетата на Брисел, попладнево ќе оствари средба и со Еврокомесарот за проширување Штефан Фуле.

Како што е најавено, утре претседателот Иванов, кој е придружуван од шефот на дипломатијата Антонио Милошоски ќе имаат средби со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј и со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Белгија Андре Флау.

Освен средби со високите претставници,  Иванов ќе има и предавање во Кралскиот институт за меѓународни односи „Егмонт“ на тема „Пакс еуропана“, визија на Иванов за регионот како дел од обединета Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...