Забранет сообраќај на дел од Илинденска

Од денеска до вторник се забранува одвивањето на сообраќајот на дел од булеварите Илинден и 8 Септември, заради изведување градежни работи, инфомираат од Град Скопје.

“Забраната за одвивање сообраќај на дел од булеварот Илинден се однесува на раскрсницата со улицата Бледски договор и пристапната улица којашто води кон спортската сала “Борис Трајковски“ до раскрсницата со улицата Франклин Рузвелт. За булеварот 8 Септември забраната за одвивање сообраќај се однесува на делот од булеварот Партизански одреди до пристапниот пат којшто води кон хотелот “Александар Палас“, велат од Град Скопје.

Градежните работи на терен ќе ги изведува градежната компанија "Гранит“ АД од Скопје во наведениот период од четири дена, што ќе зависи од временските услови.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и опрема за да се овозможи безбедност и проточност на сообраќајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...