Георгиевски бара од Груевски доследно спроведување на лустрацијата

Скопје, 22 септември 2010 (МИА) - Поранешниот премиер и актуелен почесен претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски денеска преку отворено писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, бара да не се опструира спроведување на Законот за лустрација и тој да се применува доследно и принципиелно.

Георгиевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт има можност да расчисти некои контроверзии во однос на наводните соработници на УДБА и ДБК инфилтрирани во партијата. Потсетува дека кога пред неколку години Стојан Андов ја промовирал идејата за лустрација очекувал ВМРО-ДПМНЕ да ја искористи шансата и да ги раскринка таквите структури во СДСМ, но и во сопствените редови. Таквите очекувања, додава, не се оствариле. Додека СДСМ декларативно и громогласно се противела на лустрацијата, владејачкото парламентарно мнозинство правело се процесот да се пролонгира и опструира, пишува Георгиевски.

Вели дека е непријатно изненаден и од, како што наведува, договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се запре постапката за двајца нивни пратеници кои најверојатно биле соработници на тајните служби.

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Георгиевски во отвореното писмо до актуелниот партиски лидер Груевски, пишува и дека е изненаден од постапките на партијата и оти не му се јасни мотивите за заштита на луѓето кои биле соработници на тајните служби.

Забележува и на, како што вели, обидите за прекројување на историјата на партијата на прославата по повод 20 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...