Груевски и Милошоски пред Парламентарното собрание на СЕ

Стразбур, 3 октомври 2010 (МИА) - Од 4 до 8 октомври во Стразбур ќе се одржи есенската сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа. На дневниот ред меѓу другот е ургентната дебата за „неодамнешното засилување на безбедносните дискусии во Европа – случајот со Ромите“, јави дописникот на МИА од Франција.

Како што е најавено од службата за печат на паневропската организација, еден од настаните што треба да ја одбележат оваа сесија е обраќањето на претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и министрите за надворешни работи Антонио Милошоски во својство на претседавач со Комитетот на Министрите, и неговиот германски колега Гидо Вестервеле.

Македонскиот шеф на дипломатијата пред парламентарците од 47-те земји на Советот на Европа во понеделник ќе треба да ги претстави активностите на Комитетот на министрите меѓу двете сесии.

Милошоски покрај неговите активности како претседавач со Комитетот на министрите престојот во Стразбур ќе го искористи и за повеќе работни средби, од кои меѓу најавените е таа со германскиот шеф на дипломатијата Гидо Вестервеле.

Премиерот Никола Груевски, според програмата пред ПС на СЕ ќе треба да говори в четврток.

Груевски е трет македонски премиер кој ќе говори пред ПС на СЕ.

ПС на СЕ ќе расправа и за други прашања, како борбата против екстремизмот, човековите права и претпријатијата и ќе разгледа извештајот посветен на пристапот на жените кон легалните медицински услуги, правата на децата.

Пред ПС на СЕ ќе биде претставен и извештајот за активностите на Организацијата за економска соработка и развој, на Европската банка за реконструкција и развој и на Банката за развој на Советот на Европа. Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа во Стразбур ќе треба да ја одбележат и 60-годишнината од Европската конвенција за човекови права.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...