Скопје, 5 октомври 2010 (МИА) - Во чест на македонската музичка легенда Тоше Проески, вечер, денот кога пред три години го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје, ќе биде одржана манифестацијата „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“.
Настанот што го организираат фановите на Тоше, ќе почне во 20 часот пред платото на Домот на АРМ.
Претходно, до 16 часот, под мотото „Јас штотуку спасив живот, а вие?“, фан клубот Форум и Црвениот крст на Град Скопје, ќе организираат крводарителска акција.