Скопје, 5 октомври 2010 (МИА) - Македонија од денеска до четврток ќе биде под влијание на серија влажни воздушни маси кои ќе условат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и проследени со ретка појава на грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на овој период локално се очекува да наврнат повеќе од 30 литри на метар квадратен.
Од петок ќе преовладува стабилно, суво и студено време со пад на температурите, особено на утринските, кои за време на викендот на некои места ќе се движат од минус три до три степени.