Американски конгресмени и сенатори со поддршка на Македонија

Вашингтон, 5 октомври 2010 (МИА) – Македонија заслужува да биде членка на НАТО, изјави американскиот конгресмен Роберт Адерхолт од Републиканската партија, по синоќешната средба во Вашингтон со македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски, јави известувачот на МИА.

Адерхолт беше еден од иницијаторите на писмото за поддршка на Македонија за влез во НАТО потпишано од 19 конгресмени што во петокот беше испратено до американскиот претседател Барак Обама и други официјални претставници на САД. 

Конгресменот Адерхолт рече дека многу е важно за Македонија да се знае за придонесот што таа го дава не само во Авганистан, туку и за ширење на демократијата и слободата.
 
- Многу е важно да се знае. Дел од членовите во Конгресот, но и американските граѓани не знаат каков придонес Македонија прави за слободата и демократијата во светот, особено во Авганистан, изјави Адерхолт.

Коњановски во рамките на посетата на САД оствари средба и со сенаторот Патрик Леахи, кој поднесе Резолуција за Македонија во Сенатот. Сенаторот од Вермонт Леахи му ја предаде Резолуцијата на министерот Коњановски и притоа истакна дека поддршката од САД и од него, како сенатор е јасна и недвосмислена и оти Република Македонија треба да биде вреднувана согласно сето она што го има направено изминатиот период. Тој посебно се осврна на македонското учество во мировните мисии и улогата што ја има во нив.

Министерот за одбрана се сретна и со помошникот - државен секретар во Бирото за Воено - политички прашања на Стејт Департментот Анрев Шапиро и имаше работен ручек со претставници на администрацијата од Стејт департментот и Пентагон. 

- Секако дека сенаторите и конгресмените се многу битни за создавањето на големата слика за Република Македонија и ние треба да работиме на тоа да создаваме нови пријатели, изјави Коњановски.

Претходно министерот за одбрана имаше обраќање пред Стратешката сесија на Атлантскиот совет на САД. Членовите на советот, според Коњановски најмногу се интересирале за позицијата на Македонија во однос на прашањето за името, но и за состојбите на Балканот и приближувањето на земјите од регионот до Алијансата.

Посетата на САД на министерот Коњановски завршува денеска со средбите со првиот човек на Националната гарда на САД и со заменик-претседателот на Националниот одбранбен универзитет, амбасадорот Томас Крајески, по што ќе положи венец на гробот на незнајниот јунак на националните гробишта во Арлингтон.

Доцна попладне по локално време министерот заедно со македонската делегација во која е и началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски и државниот секретар Петар Есмеров ќе отпатува за Отава каде што утре ќе се сретне со канадскиот министер за одбрана Питер Меккеј.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...