Решение за името за прием во НАТО

Штип, 6 октомври 2010 (МИА) - Мислам дека позицијата за тоа прашање е општо позната. НАТО беше многу јасен на Самитот во Букурешт и на ланскиот во Стразбур и Кил. Позициите и очекувањата се дека Македонија ќе добие покана за полноправно членство во НАТО веднаш штом се реши прашањето за името. Се надеваме дека тоа ќе се случи.

Ова го изјави американскиот амбасадор Филип Рикер во Штип, одговарајќи на новинарско прашање дали САД ќе извршат притисок врз Грција да попушти во тврдите позиции за името на ноемврискиот Самит на НАТО во Лисабон.

Тој денеска беше во посета на Првата механизирана пешадиска бригада во штипската касарна „Јане Сандански“. По посетата Рикер истакна дека од страна на единицата бил запознаен со демографската и географската поставеност на гарнизонот, како и со мисиите на македонските војници во Авганистан.

Заменик командантот на Првата механизирана пешадиска бригада и делегацијата од Генерал штабот на АРМ на амбасадорот Рикер му го презентираа кабинетот по англиски јазик, каде што професионалните војници се едуцираат, а воедно му беа покажани и тактичко-техничките достигнувања со приказ на вооружувањето и техниката, кои се формациски состав на единицата.

Првата механизирана пешадиска бригада на амбасадорот Рикер  му подари голема плакета со логото на бригадата „Скорпија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...