Груевски ќе има обраќање пред ПС на Советот на Европа

Стразбур, 7 октомври 2010 (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска ќе има обраќање пред Парламентарното собрание на Советот на Европа во рамките на есенската сесија на ПССЕ.

Предвидени се и повеќе билатерални средби, меѓу кои и со претседателот на ПССЕ Мевлут Чавашоглу, како и со претседателот на Европскиот суд за човекови права Жан-Пол Коста.

Премиерот Груевски синоќа во Советот на Европа ја отвори изложбата на слики насловена „Културата е значајна - места во Југоисточна Европа вклучени во светското наследство на УНЕСКО“, што ја организираа постојаните мисии на Македонија, Австрија, Албанија, БиХ, Србија, Хрватска и Црна Гора.

- Во секој дел на Европа постои богатство кое не потсетува што е наше, но исто така и што е универзално што не зближува и поврзува. Како што има истакнато еден од креаторите на Европската унија Жан Моне „ако можам да почнам повторно, би почнал со културата“, јас само ќе додадам дека од културата исто така треба да продолжиме, истакна Груевски на отворањето.

Тој, како што јави известувачот на МИА од Стразбур, нагласи дека обврската кон која сите треба да се посветиме во иднина е да продолжиме по патот на создавање вредности и надградување на постоечките со нови дела, со нова вредност, со нова универзална цивилизациска придобивка.

- Сигурен сум дека ќе успееме во тоа, заклучи македонскиот премиер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...