Двајца загинати и еден повреден во сообраќајка кај Велес

Велес, 7 ноември 2010 (МИА) - Две лица загинаа, а едно е повредено откако вчера попладне во 18 часот 35 минути на локалниот пат Велес - Башино Село, пред мостот на река Вардар, патнички автомобил „Киа соул“ со скопски регистарски таблички излетал од коловозот, се превртел неколку пати и удрил во бетонски столб.

Возачот на автомобилот Ване Л. (22) од Скопје и сопатникот Русе С. (29) од Велес здобиле тешки телесни повреди од кои почнале на пат кон Медицинскиот центар Велес, а В.Н. (17) од Велес која седела на совозачкото место, по укажување на лекарска помош е пуштена на домашно лекување.

Сообраќајката се случила откако возачот на автомобилот пред кривината на патот, од десната преминал на левата коловозна лента, продолжил да се движи по земјената тревна површина удирајќи во две дрва, по што се превртел и удрил во бетонски столб.

Увид на лице место извршија Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство, истражен судија од Основен суд Велес и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...