Две лица загинаа во сообраќајка кај село Петровец

Скопје, 7 октомври 2010 (МИА) - На регионалниот пат Скопје – Велес кај селото Петровец утрово во 6 часот и 15 минути се случи сообраќајна незгода во која животот го загубија две лица, а две се задржани на лекување во Клиничката болница во Скопје.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, во сообраќајката учествувале „југо“ со штипски регистарски таблички, најверојатно управувано од Тони С. (36) од село Горно Коњари – скопско и автобус на ЈСП - Скопје управуван од М.С. (54) од Скопје.

Од здобиените повреди на место починал Тони С. и неговиот сопатник Александар Н. (19) од Скопје, додека сопатникот Г.Ц. (21) од село Горно Коњари е пренесен и задржан на лекување во Клиничката болница во Скопје. Поради здобиени телесни повреди на лекување е задржан и возачот на автобусот.

По наредба на Истражен судија телата на починатите се предадени за обдукција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...