Прашањето за името е непотребен проблем

Стразбур, 7 октомври 2010 (МИА) – Прашањето за името е непотребен проблем во средиштето на Европа. Да бидам искрен, неприфатливо е земји и нации да бидат блокирани поради непотребни проблеми и треба што побрзо да се постигне решение, изјави претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Мевлут Чавашоглу по денешната средба со премиерот Никола Груевски, јави известувачот на МИА.

Според него, преговорите за членство на Македонија во Европската унија треба да почнат. Тој рече дека може да постојат одредени проблеми што треба да се решат, како што се случи со Турција, на пример, кипарското прашање. Чавашоглу нагласи дека и покрај „сериозните проблеми со Турција“, во преговорите беа отворени некои поглавја, некои беа тргнати на страна, но сепак преговорите течат.

- Ова може да се случи и со македонската кандидатура. Преговорите треба да почнат и се надевам дека проблемот со името исто така ќе биде решен во блиска иднина. Што се однесува на европската интеграција, немаме време за губење, истакна Чавашоглу.

Груевски изјави дека некои земји се противат на оваа идеја „и тоа затоа што гледаат дека една од двете земји, а тоа е Грција, не се согласува со ваков пристап“. - Ако другата страна се согласи, нема да има земји што ќе бидат против. Така што единствениот проблем е што една од двете земји не ја поддржува оваа идеја и затоа е тешко да се имплементира ваков пристап, подвлече македонскиот премиер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...