Спорот со Грција е ирационален и тешко разбирлив за сите

Скопје, 8 октомври 2010 (МИА) - Спорот со Грција е ирационален, тешко разбирлив за сите, приказна за Давид и Голијат во која ние сме Голијат, вели министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во интервјуто за денешното издание на најтиражниот германски дневен весник „Зи дојче цајтунг“.

За Македонија, додава Милошоски, ова е многу емоционално прашање и за неговото решавање мора да се добие согласност од јавноста на референдум. Според последните испитувања, 67 отсто од населението отфрла каква било промена на името, а само 24 проценти се флексибилни.

Изнаоѓањето решение можеби ќе биде многу тешко, но не и невозможно кога политичките елити, Владата и опозицијата ќе бидат во него убедени.

- Ние ги плаќаме трошоците околу спорот и сакаме да се надмине, дециден е шефот на македонската дипломатија.

Тој смета дека изборот на Јоргос Папандреу за нов грчки премиер дава одредена надеж за целиот процес.

- Папандреу остварува средби со нашиот премиер на повеќе меѓународни форуми и собири, порано такво нешто не беше возможно. Со Папандреу добивме повеќе фотографирање и насмевки, подобри зборови, но не и реално придвижување. Грција зборува за национална црвена линија. Црвената боја не е боја на компромисот. Атина бара да ги промениме нашите пасоши, интернет страниците, декларацијата на виното кое го извезуваме во Германија, при што истото не смее да се именува како македонско! Тоа е ирационално, нагласува Милошоски.

Според него, Македонија нема соодветна „тежина“ да и се спротивстави на Грција поради што, на некој начин, нашата европска перспектива е ставена во заложништво.

- На Самитот на НАТО во Букурешт 2008 година, Грција стави вето на приемот на Македонија иако согласно Времената спогодба постои член со кој нашето зачленување во меѓународни организации не смее да се блокира доколку притоа се користи привременото име. Затоа, поведовме соодветна постапка заради прекршување на оваа Спогодба пред  Меѓународниот суд во Хаг и очекуваме соодветна одлука во врска со валидноста на Спогодбата, истакнува министерот.

Во врска со поставувањето статуи на Александар Велики што Атина го сфаќа како провокација, Милошоски вели: - Бев уште дете кога Македонија пред 20 години стана независна. Во тоа време не бевме толку концентрирани кон антиката. Но, колку повеќе Грција ја претставуваше историјата како забрането овошје за нас, толку поголема беше мотивацијата да се каже дека и ние не сме народ без корени. Тоа е веројатно комплекс на малите нации, мислам дека национализмот на едната страна може исто така да го разбуди национализмот на другата страна.

На прашањето за наводните учебници со карти од голема Македонија, Милошоски одговара дека тоа е обид на Грција да шири конфузија.

- Јас се образував во Македонија и никогаш не сум учел такво нешто. Грција се обидува да шири конфузија со тврдењата дека Македонија има територијални претензии. Тоа е толку смешно како некој да каже дека Луксембург има територијални претензии кон Германија. Ние имаме само 8.000 војници и осум хеликоптери и во изминативе 20 години никогаш не сме имале безбедносен проблем со Грција, вели шефот на дипломатијата.

Од НАТО Самитот во ноември, Македонија не очекува некаков сигнал, но има еден предлог.

- Кога ние би направиле голема национална отстапка со цел да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, мораме да бидеме сигурни дека Грција нема повторно да не блокира по четвртото или десеттото поглавје. Затоа, треба двата процеса паралелно да се одвиваат, така што дури по официјалниот прием на РМ во ЕУ би важело новото име. На тој начин, можеме да ја надминеме недовербата во целиот случај, вели Милошоски.

На прашањето дали според него постои стремеж кај албанското малцинство во Македонија за креирање голема Албанија, министерот одговара дека со зачленувањето на Албанија во НАТО, идејата за голема Албанија е исцрпена.

- Ниту една НАТО држава нема да дозволи и дискутира за промени на граници. Тоа е добро за целиот регион, подвлекува Милошоски.

За дебатата околу улогата на муслиманите што моментно е актуелна во Европа, Милошоски вели дека во Македонија исламот не е новост.

- Јас сум со тоа израснат. Ние сме за модел на интеграција без асимилација. Тоа не е секогаш идеално, но функционира. Постои соодветно почитување, но и одредени предрасуди. Во Германија како и во Европа, исламот е нешто ново, странско, непознато. Но, можеби треба германското општество да го заборави и отфрли зборот Гастарбеитер „гости работници“, бидејќи има семејства кои се присутни овде 40 години, заедно со културата и традицијата во своите домови и тоа ќе остане така за секогаш, нагласува Милошоски.

Поларизацијата на едно општество не е решение и со популизмот се остваруваат само краткорочни добивки, заклучува министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во интервјуто за денешното издание на најтиражниот германски дневен весник „Зи дојче цајтунг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...