69 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ

Скопје, 11 октомври 2010 (МИА) - Република Македонија денеска одбележува 69 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

Со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година беше означен почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за конечно ослободување на земјата.

Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на таа борба се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а во последните 19 години како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година и од него произлезениот Рамковен договор, Македонија, која е полноправна членка на Обединетите нации, денес чекори на патот кон евроатлантските интеграции.

Традиционално во македонското Собрание денеска ќе биде врачена годишната државна награда „11 Октомври“ која се доделува за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Годинашен добитник на наградата е Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист. Наградата за животно дело во областа на образованието ќе му биде врачена на проф. Глигор Тренчевски, педагог. Наградата за животно дело во областа на науката ќе му биде врачена на проф. д-р Серафим Томовски, сметководител по финансиски инвестиции и развој.

По повод празникот ќе биде положено цвеќе на спомениците и гробниците во Скопје и Прилеп.

Владина делегација предводена од вицепремиерот Васко Наумовски во чиј состав се министерот за правда Михајло Маневски и заменик министерот за образование и наука Линдита Ќазими ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта и пред гробот на командантот на Генералштабот Михајло Апостолски во Градските гробишта „Бутел“.



Делегација предводена од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, во чиј состав се и министрите за образование и наука и за информатичко општество, Никола Тодоров и Иво Ивановски денеска ќе положат цвеќе на споменикот на Медотија Андонов-Ченто и во на Паркот на револуцијата во Прилеп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...