Во ДУИ „врие“ од кодоши

Скопје, 14 октомври 2010 (МИА) - Универзитетскиот професор од Тетово Шпент Љуши денеска до Комисијата за лустрација достави документи за тројца државни функционери, со кои наводно се тврди дека биле соработници на тајните служби.

Љуши по предавањето на документите изјави дека ги нашол завчера во дворот на неговиот дом.

-Денеска ја завршив граѓанската должност до Комисијата за лустрација предадов три досиеја. Документите ми беа фрлени во дворот. Завчера ноќта ги најдов. Ги отворив и видов дека станува збор за високи функционери од власта. Тројца се, само Албанци. Од Комисијата за лустрација ништо не ми кажаа, не сакам ништо да коментирам, вели професорот на Тетовскиот универзитет Шпент Љуши.

Имињата на функционерите не беа јавно кажани, бидејќи според законот тоа е забрането.

Од Комисијата за лустрација велат дека не знаат за што точно станува збор и оти по разгледувањето на документите ќе се одлучи како ќе се постапува по нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...