Три години без Тоше - осветување на крстот кај „Св. Преображение“

Скопје, 16 октомври 2010 (МИА) - Со осветување на 33-метарскиот крст кај манастирот Св. Преображение во Крушево денеска напладне ќе бидат одбележани три години од смртта на Тоше Проески.

Крстот беше поставен пред околу два месеца и е донација на стопанственикот Минчо Јорданов чија фирма „Факом“ ја изработи челичната конструкција, а градежното претпријатие „Бетон“ - бетонскиот дел и партерното уредување.

Поменот за Тоше почна во осум часот со литургија во црквата „Света Богородица“ во Крушево, каде што Тоше бил крстен, а од 10 до 11 ќе биде посетено неговото вечно почивалиште. Литургија ќе има во Соборниот храм во Скопје и миса во Католичката црква.

За 6 и 20 од Нова Градишка, времето и местото на несреќата, денеска беше најавен стартот на маратонците кои во чест на Тоше ќе трчаат до неговиот гроб. Во Крушево треба да пристигнат на 19 октомври. Градот Нова Градишка и градоначалникот вечер организираат концерт од 20 часот, на кој од Македонија ќе настапи Наум Петрески.

Трите години од загубата на Тоше се одбележуваат и со други иницијативи - во Белград се садат 483 садници, во Скопје во август беше отворена фонтана за Тоше и беше осветлен манастирот Свето Преображение. Спомен-домот кој се гради на Гумење треба да биде отворен на неговиот роденден - 25 јануари. Според информациите од Министерството за култура, довршувањето на објектот во кој ќе бидат собрани сите материјални спомени за Тоше ќе зависи од погодноста на временските услови.



Во меѓувреме, обожавателите од „Тоше фан форумот“ ја шират неговата хумана мисија. Пред десетина дена организираа крводарителска акција и очекуваат трет меморијален концерт во чест на својот идол.

Несреќата во која загина најголемата музичка ѕвезда во Македонија, која го обедини и Балканот, се случи утрото на 16 октомври 2007 година во близина на Нова Градишка, кога џипот „туарег“ управуван од Ѓорѓи Ѓорѓиевски на пат кон Загреб удрил во камион, па во заштитната ограда на автопатот. Тоше загина на самото место, а Ѓорѓиевски и менаџерката на Тоше Лилјана Петровиќ имаа полесни повреди.

Скопскиот Апелациски суд минатиот месец ја потврди пресудата за возачот Ѓорѓиевски кому му е изречена двегодишна затворска казна за фаталната сообраќајка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...