Херман Ван Ромпуј во посета на Македонија

Брисел, 19 октомври  2010 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј денеска доаѓа во Скопје на средби со македонскиот државен врв.

Ван Ромпуј ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. Главна тема на разговорите, според најавите, ќе биде претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, а се очекува да стане збор и за билатералниот проблем за името со Грција, како клучна пречка за македонската евроитеграција.

Еднодневната посета на Ван Ромпуј на Скопје е во рамките на неговата балканска турнеја. Покрај Македонија, ќе ги посети и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.

Пред посетата, Ван Ромпуј изјави дека Европската унија е посветена на европерспективата на Западен Балкан, но оти очекува зајакната регионална соработка и добрососедски односи бидејќи Унијата не сака да увезува конфликти.

Претседателот на ЕУ додаде дека претстои уште многу да се сработи и оти се потребни интензивни реформи во областа на човековите права, како и продолжување на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Брисел, вели Ван Рампуј, во следните две години ќе ја поддржи евроинтеграцијата на земјите од регионот со финансиска помош од две милијарди евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...