Скопје, 19 октомври 2010 (МИА) - Лазо С. (54) од Скопје попладнево околу 15 часот и 45 минути ја убил Сузана В. (44) од Агино село, Кумановско, по што сам си пресудил.
Според Министерството за внатрешни работи, Лазо С., пукајќи со пиштол, и нанел повреди и на Ј. В. (62), мајка на убиената. Ј. В. е пренесена и задржана во скопскиот Ургентен центар од каде информираат дека е во стабилна состојба.
Пресметката се случила во двор на барака на улица „Владимир Комаров“.
Сузана В. била вработена во ресторанот „Пак“, сопственост на Лазо С., лоциран на булеварот „Јане Сандански“.
Екипа на СВР Скопје се уште врши увид на местото на настанот по што се очекува целосно расчистување на случајот. По налог на истражен судија телата ќе бидат дадени на обдукција.