Престрелка кај граничниот премин Свети Наум

Охрид, 22 октомври 2010 (МИА) - Во близина на граничниот премин кај Свети Наум изутрината околу 6 часот и 30 минути дошло до оружена престрелка меѓу македонската погранична полиција и група која илегално влегла во Македонија од соседна Албанија.

Нема повредени припадници на македонската погранична полиција. Привредени се две лица албански државјани осомничени дека учествувале во инцидентот, додека останатите избегале.

Според првичните сознанија на полицијата, станува збор за група ловџии од Албанија кои пристигнале со два џипa со албански ознаки. Полицијата имала претходни оперативни сознанија за незаконит лов во Националниот парк „Галичица“, па затоа била поставена заседа. При обид на полицијата да ги идентификува, ловџиите почнале да пукаат и да бегаат. Сепак, полицајците привеле двајца, кои моментално се на распит во полициската станица. 

- Граничната полиција успеа да приведе две лица, а другите се вратиле во Албанија. Она што е важно е дека нема повредени припадници на граничната полиција, а според нашите сознанија нема повредени ниту од групата, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. 

Полицијата, истражен судија и јавен обвинител работат на комплетно расчистување на случајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...