Ниту еден македонски граѓанин нема да добие азил

Скопје, 22 октомври 2010 (МИА) - Крајот на постапка за барање азил во западноевропските земји е сосема извесен - ниту еден граѓанин нема да добие азил, а се соочуваат со неизвесно патување, ризикот да ги изгубат парите дадени за патувањето, а неможат да се стекнат со каква било финансиска корист.

Ова е пораката која денеска уште еднаш ја упати министерката за внатрешни работи Гордана Јанакулоска, апелирајќи истовремено до граѓаните  да не се изложуваат на дополнителни трошоци и непријатни  искуства.

- Во оваа фаза Република Македонија ги користи сите механизми кои и стојат на располагање за обезбедување пред се дополнителни информации за граѓаните кои се доведени во заблуда и веруваат дека можат да добијат азил во земјите од ЕУ, потенцира Јанкулоска на заедничката прес - конференција по денешната средба со  генералниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики на ОН( ИЦМПД) Питер Видерман.

Во ваа фаза, подвлече таа, се уште нема потреба од казнување или ограничување на правото на излез од земјава, по кој било основ, затоа што се смета  дека информирањето и директната комуникација со граѓаните ќе бидат доволни да се пренесе порака оти не постојат никакви шанси да добијат азил во западноевропска држава.

- Сосема е извесно дека тие не може да профитираат од оваа постапка затоа што се обезбедени минимални услови за преживување во земјата каде престојуваат. Граѓаните на Република Македонија се третираат како итни односно ургентно се решаваат и се настојува за само неколку дена да се одлучи по барањата за азил. Досега немало позитивна одлука и нема да има, децидна е министерката Јанкулоска која повтори дека единственото нешто што барателите на азил во западноевропските земји го добиваат е загуба на вложените пари за превоз до крајната дестинација. 

Видерман укажа дека е многу важна регионалната соработка, потенцирајќи оти визната либерализација не значи и право на престој и на азил бидејќи Република Македонија е безбедна земја- кандидат за членство на ЕУ. Тој изрази надеж дека нивната поддршка и напорите на македонската Влада за правилно да се разбере визната либерализација, нема да постои причина, како што рече, за земјите - членки на ЕУ да го сфатат ова прашање за азилот како проблем.

Јанкулоска и Видерман на денешната средба разговараа и за прашањата за граничното управување, заедничката миграциска политика, проектите од областа на борбата против недозволена трговија со луѓе и други прашања од заеднички интерес за усогласување на миграциската политика и на Република Македонија и на Регионот со најдобрите светски и европски стандарди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...