Претседателот Иванов во официјална посета на Естонија

Скопје, 25 октомври 2010 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов од денеска престојува во дводневна официјална посета на Естонија на покана од естонскиот претседател Томас Хендрик Илвес.

Во Талин покрај со Илвес, прв претседател на таа балтичка земја што официјално ја посети Македонија, минатиот октомври, шефот на државата ќе се сретне и со естонскиот премиер Андрус Ансип и со претседателката на Парламентот на Естонија Ен Ергма.

Во македонската делегација ќе биде и министерот за информатичко општество Иво Ивановски, кој ќе оствари средби со претставници на ИКТ-секторот во Естонија, која е меѓу земјите со највисок процент на раширеност на интернет.

Естонија е членка на НАТО и на ЕУ од 2004 година. Македонија и Естонија воспоставија дипломатски односи во 1995 година и имаат неколку билатерални договори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...