Средбата Груевски - Папандреу одложена за утре

Скопје, 28 октомври 2010 (МИА) - Средбата на премиерите на Македонија и на Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу што требаше да се одржи денеска во 15:30 часот во Брисел, е презакажана за утре во 14:30 часот, на барање на грчката страна, јави дописникот на МИА.

Одложувањето на средбата е поради активностите на Папандреу на состанокот на Европскиот совет.

Во меѓувреме, македонскиот премиер денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и со претседателот на Владата на Луксембург Жан Клод Јункер. Груевски попладнево во Мисијата на Македонија во Брисел има средба со група европралементарци на која присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Претседателот на македонската Влада денеска ќе се сретне и со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, а утре претпладне и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...